“МЛАД СУМ А ДУШАТА МИ Е ОСТАРЕНА ОД ЉУБОВТА МОЈА НЕОСТВАРЕНА, ЉУБОВТА МАКЕДОНИЈА” – Ацо Шопов
Денес беше одбележан патрониот празник на ООУ “Ацо Шопов” и 40 години од основање на училиштето.
Присуството на голем број истакнати професори, спортисти, доктори, музичари е само една потврда дека ова општинско училиште е меѓу најдобрите основни училишта во Република Македонија.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до директорката и наставничкиот персонал кои секогаш се стремат да образуваат, воспитуваат и градат личности кои ќе бидат истакнати и горди граѓани на нашата општина.
Брилијантните дела на Ацо Шопов денес се наоѓаат во сите универзитетски и другите големи библиотеки ширум државата, но и светот. Оттука, со гордост можеме да кажеме дека неговиот придонес за истакнувањето на македонската песна е безвременски.
Градоначалникот исто така изрази благодарност и до фамилијата Шопови кои секогаш се силна поддршка на ООУ “Ацо Шопов”.