Денес градоначалникот Дарко Костовски имаше одлична можност да присуствува и да се обрати на приредбата по повод одбележувањето на празникот Свети Кирил и Методиј-денот на сесловенските просветители во ООУ “Петар Здравковски Пенко”.
Одлична приредба со која учениците им оддадоа почит на делото и мисијата на светите браќа Кирил и Методиј.
Преку реализацијата на денешните образовни програми, вработените во училиштето ја продолжуваат мисијата на светите Кирил и Методиј.









