По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија, во духот на „Зелена Словенија“ градоначалникот Дарко Костовски се приклучи на еко-акцијата за расчистување на отпадот во околината на с.Љубанци, во близина на манастирот “Св. Никола”.
Локалната самоуправа заедно со Амбасадата на Република Словенија и друштвото на словенечки и македонски стопанственици ја организираа еколошката акција.
Оваа иницијатива е значајна и преку еко-акцијата локалната самоуправа ја подигнува свеста за важноста на зачувување на природата и заедничката грижа за почиста животна средина, следејќи го примерот на Република Словенија.
Овој предел на Скопска Црна Гора е се поголема атракција за граѓаните на Скопје.
Градоначалникот Дарко Костовски упати апел да ја зачуваме оваа природна убавина и да уживаме што повеќе во зеленилото.