Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОПШТИНСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ Е ВО ПОЛНА СПРЕМНОСТ

Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи, службите на ЕВН и Центарот за управување со кризи.

Екипите на општина Бутел се во целосна спремност да се справат со евентуалните последици од невремето.

Градоначалникот Дарко Костовски упати апел до Данела Арсовска, Град Скопје и јавните претпријатија да излезат на терен и да ги расчистат булеварите и градските улици со цел граѓаните непречено да се движат.

Дежурни екипи на општина Бутел се поставени да бидат на терен и достапни за граѓаните доколку има потреба и пријави.

Достапен ќе биде и телефонски број 078 517 344 на кој граѓаните на општина Бутел можат да пријават последици од невремето или потреба од службите да интервенираат.

Локалната самоуправа апелира граѓаните на општина Бутел да останат смирени.

Previous ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА ЗА ИМЕНУВАЊЕ НА ЧЛЕН НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ЈКП БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.