Општинскиот кризен штаб работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел.
Општинските работници и механизацијаа работат на најкритичните места и ги расчистуваат наносите.
Градоначалникот Дарко Костовски ја повика Данела Арсовска, Град Скопје и јавните претпријатија да излезат на терен и да ги расчистат булеварите и градските улици.
Отворен е телефонски број 078 517 344 на кој граѓаните на општина Бутел можат да пријават последици од невремето.
Активностите продолжуваат и во текот на ноќта.






