Екипите на Општина Бутел веднаш постапуваат по пријавите на граѓаните и отстранети се првите паднати дрва.
Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи, службите на ЕВН и Центарот за управување со кризи.
Дежурни екипи на Општина Бутел се поставени да бидат на терен и достапни за граѓаните доколку има потреба и пријави.
Достапен ќе биде и телефонски број 078 517 344 на кој граѓаните на општина Бутел можат да пријават последици од невремето или потреба од службите да интервенираат.
Локалната самоуправа апелира граѓаните на општина Бутел да останат смирени.