Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БУТЕЛ КОИ НАСТРАДАА ОД НЕВРЕМЕТО

Денес, на предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за доделување на средства во износ од 3 милиони денари, за обештетување на граѓаните кои претрпеа штети од невремето и формирање на комисија која ќе ги утврди штетите од невремето.

Изминатите неколку денови општина Бутел беше зафатена од невремето каде што имаше поројни дождови и многу граѓани претрпеа штета во своите домови.

Наскоро, општина Бутел ќе го објави повикот и постапката на кој начин граѓаните ќе можат да поднесат барање за утврдување на штетите од невремето.

Градоначалникот истакна дека секогаш ќе изнајде начин и решение да им помогне на сите граѓани на општина Бутел.

Previous БЕЗБЕДНА ОПШТИНА БУТЕЛ И НОВА МОДЕРНА ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.