Денес се оддаде почит на македонските бранители кои го положија својот живот за одбрана на Република Македонија.
Бранителите на Македонија се светост и ќе живеат вечно во спомените.
Поминаа 23 години од загинувањето на македонските бранители, 23 години тага во срцата.
Трагичен настан кој остави длабоки траги и нераскинлив дел од нашата сегашност и иднина.
Пред 23 година загинаа Томе Бадаревски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски кои го дадоа својот живот за својата држава и тоа никогаш нема да биде заборавено.
Денес се оддаде почит на нивното херојско дело како дел од македонската историја и се испрати порака дека вечно ќе живеат во нашите срца.
Слава им!