Јавните претпријатија на Град Скопје се целосно нефункционални, Скопје
тоне во депонии и ѓубре насекаде.
Денеска на состанок каде што беа присутни сите градоначалници од градот
Скопје, едногласно се донесе заклучок дека под итно треба да се испрати
барање до Владата со кое од градот Скопје ќе бидат одземени ингеренциите
за управување со ЈП “Комунална хигиена” и ЈП “Паркови и зеленило”.
Споменатите Јавни претпријатија ќе бидат дел од општините, со тоа се
гарантира сериозно поголема ефикаснот во извршување на задачите кои
припаѓаат на овие претпријатија.
Историски промени за поубави општини.