Вечерва започна меморијалниот турнир кој се организира во чест на
македонските бранители кои го дадоа животот во одбрана на Република
Македонија, Томе Бадаревски и Гоце Чанкуловски.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност за присуството на
колегите, градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и
градоначалникот на Штип Иван Јорданов и на Андријана Петрушовска која го
отвори овој турнир.
Турнирот се одржува на едно од најубавите фудбалски игралиште со
вештачка трева.
Општина Бутел е генерален покровител.
Локалната самоуправа продолжува со поддршка на сите спортски настани.