Градоначалникот Дарко Костовски вети и ќе го оствари ветувањето.
Денес градоначалникот заедно со неговиот тим оствари работна средба со
министерот за здравство Арбен Таравари. На средбата беа договорени
следните чекори кои ќе доведат до нова ултра модерна поликлиника во
општина Бутел.
Носител на овој мега проект ќе биде општина Бутел, додека министерството
за здравство сериозно партнерски ќе учествува во истиот, министерот
Таравари максимално го поддржи овој историски миг за граѓаните на
општина Бутел.
Градоначалникот Дарко Костовски срдечно се заблагодари на премиерот
Христијан Мицкоски кој суштински стои зад овој мега проект.
Заедно со министерството за здравство е формирана работна група која
максимално ќе се посвети за што поскоро да ја заврши проектната
документација за новата поликлиника.
Процесот започнува со внимателно планирање и дизајнирање на новата
поликлиника. Здравствените центри мора да исполнуваат строги регулаторни
и безбедносни стандарди.
Новата поликлиника ќе зафаќа површина од околу 3000 м², ќе биде
изградена на два ката и ќе има подземен паркинг. Надворешниот дел ќе
обезбеди дополнителен паркинг простор и ќе биде хортикултурно уреден.
Изградбата на поликлиника е сложен и повеќеслоен процес кој бара
внимателно планирање, координација и усогласеност со прописите за
здравствена заштита.
На граѓаните на општина Бутел ќе им се овозможи широк спектар на
здравствени услуги, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по
дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби.
Деталниот урбанистички план кој беше донесен пред извесно време,
маркицата за новата поликлиника ја предвидува на местото на старата
амбуланта.
Изградбата започнува во првата половина на 2025 година и градоначалникот
од се срце го чека денот кога ќе биде поставен камен-темелникот на
новата поликлиника.
Историски чекори за општина Бутел.