ЧЕСНО И ТРАНСПАРЕНТНО КОН ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БУТЕЛ
Уште еден доказ за успешната приказна која заедно со граѓаните се бгради
во општина Бутел е извештајот за активна транспарентност.
Општина Бутел и оваа година ја подобри активната транспарентност и е
рангирана во најдобрата група со “многу добра” активна транспарентност.
Историски највисоката транспарентност која општина Бутел некогаш ја
имала.
Оваа година, општина Бутел е рангирана на високото 19 место во
најдобрата група со “многу добра” активна транспарентност и со 94,2 %
исполнетост на обврските за објавување.
Општина Бутел е меѓу најтранспарентните општини, слика која се промени
за само неколку години. Во минатото општина Бутел беше на дното и една
од најлошите општини во Град Скопје.
Општина Бутел ја унапредува комуникацијата со граѓаните, ја зацврстува
довербата и овозможува успешно спроведување на локалните политики.
Локалната самоуправа продолжува со транспарентни активности за
граѓаните.