Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР “БРАНИТЕЛИ” ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО ЉУБОТЕНСКИ ПАТ

Градоначалникот Дарко Костовски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и пратеничката Каролина Насковска свечено го отворија новиот спортско-рекреативен центар кој се наоѓа во населеното место Љуботенски пат а го носи името “Бранители”.

Ова е место на кое во минатото пораснаа многу генерации но за жал изминатите години беше целосно запуштено и претворено во депонија.

Спортско-рекреативниот центар “Бранители” се протега на површина од 2600 м2 и содржи: ново модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, нова челична ограда и ново лед осветлување, ново баскет игралиште со специјална подлога, фитнес зона за вежбање и рекреирање, реконструктуирано детско игралиште, нов парк и нови зелени површини, нови пешачки патеки, нова урбана опрема, како и ново лед осветлување.

Ова е уште еден спортско-рекреативен центар кој е изграден во изминатиот период. До крајот на мандатот секое населено место ќе добие свој модерен спортско-рекреативен центар.

Општина Бутел се менува. Граѓаните го добиваат тоа што го заслужуваат. Добиваат модерна, урбана општина со многу содржини.

Previous ЗА МНОГУ ГОДИНИ СВЕТИ ЈОВАН

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.