Вечерва со ревијалниот фудбалски натпревар од страна на елитната специјална единица на АРМ “Волци” и елитната специјална единица на МВР “Тигар” беше одигран првиот натпревар на спортско-рекреативниот центар “Бранители”.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до министерот Панче Тошковски кој со своето присуство го збогати овој настан.
Градоначалникот додели благодарници на македонските бранители од населеното место Љуботенски пат, кои дадоа особен придонес за одбрана на територијалниот суверинитет и интегритет на Република Македонија.
Наша должност е да го почитуваме нивното дело и нивните заслуги.
Нека овој нов спортско-рекреативен центар биде место за убава дружба, спорт и рекреација за сите генерации.