Денес во ООУ “Ацо Шопов” беше одбележан меѓународниот ден на ненасилството.
„Ненасилството е најголемата сила со која располага човештвото. Тоа е посилно од најсилното оружје за уништување осмислено од генијалноста на човекот”.
Овој цитат е од најпознатиот миротворец, пионер во филозофијата и стратегијата за ненасилство, Ганди.
Ден на ненасилството е повод да се шири пораката на ненасилство, преку образование и подигнување на јавната свест, обезбедување на култура, мир, толеранција и разбирање.
Општина Бутел ќе продолжи со организација на вакви настани со цел да се зголеми свеста кај младите.