Денес учениците од ООУ “Гоце Делчев” организираа “Костенијада”.
Низ игра, квизови и забава децата твореа и учеа за значењето на овој квалитетен јаткаст плод.
Покрај ритмичките точки на учениците можеа да се вкусат и голем број на деликатеси подготвени од превкусниот љубанчански костен, кои учениците ги приготвија заедно со своите родители.
Љубанчанскиот костен е на далеку познат. За него има побарувачка и на пазарите но и на откупните центри.
Костенот е големо дрво со бујна голема крошна кое расте брзо и може да нарасне до 23 метри и да достигне старост преку 500 години.











