Денес во општинските основни училишта “Визбегово” и “Петар Здравковски – Пенко” беше одбележан Денот на албанската азбука.
Унифицирањето и стандардизирањето на азбуката е еден од основните елементи со кои се гради културолошката и колективната свест.
Почитувајќи ги меѓусебните разлики ги потврдуваме нашите заложби за градење на подобар живот на сите граѓани и изградба на силна, напредна и европска општина Бутел.
Градоначалникот на сите припадници на албанската етничка заедница во општина Бутел им го честита Денот на азбуката и ги повикува сите граѓани заеднички да работат на почитување на соживотот кој заедно се негува.