Заедно со граѓаните се гради иднината на општина Бутел.
И оваа година општина Бутел креира буџет заедно со граѓаните.
Од денес тимови организирани од општина Бутел ќе посетат голем број домови во сите населени места. Тимовите ќе собираат предлози и идеи за новиот буџет.
Исто така, за поголема вклученост, граѓаните ќе имаат можност своите предлози, идеи и решенија да ги достават преку дополнителните алатки за комуникација:
архива на општина Бутел
е-пошта info@opstinabutel.gov.mk
на телефонскиот број 075274421
Буџетот за 2025 година ќе биде токму од предлозите од граѓаните, за потребите на граѓаните.
Општина Бутел и во наредната година ќе работи исклучително за потребите и во интерес на граѓаните.
За стабилна, модерна, европска и просперитетна општина Бутел.