Денес заедно со ”Генералка Викенд” беше спроведена акција за садење на дрвја во училишните дворови.
Повеќе од 100 садници ќе ја вратат природната убавина и ќе придонесат за поздрава животна средина.
Ова е важен чекор кон почиста животна средина, но и потсетник дека сите заедно можеме да направиме промена.
Општина Бутел важи за една од најзелените општини.
Ова е почеток на низа активности кои во наредниот период ќе бидат преземени за поздрава животна средина.