Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БУТЕЛ 2 СЕ ГРАДИ СО ОДЛИЧНА ДИНАМИКА

Со одлична динамика напредува изградбата на новата детска градинка во населеното место Бутел 2.
Во тек се активности за армирање, поставување на темели, потребна изолација на објектот и подготовка за поставување на подна плоча.

Новиот објект ќе биде изграден за 18 месеци. Ќе се простира на површина од 1800 м2. Ќе има 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Ќе има и посебна просторија за изолација,медицинска сестра и млечна кујна.

Новата градинка ќе има капацитет за згрижување на 200 деца и ќе ги исполнува сите неопходни услови за згрижување на деца од предшколска возраст.

Објектот кој замина во историја беше изграден во далечната 1964 години и по 60 години се гради нова модерна детска градинка.

Општина Бутел релизира големо барање на граѓаните. Ова е капитален објект кој ќе биде изграден по долги години лажни ветувања.
Заедно за модерна, современа и европска општина Бутел.

Previous 115 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ И РЕВОЛУЦИОНЕР НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ ЧИЕ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ГО КРАСИ ПЛАТОТО ПРЕД ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.