“Почитувани граѓани,
Во петок 13.12.2024год. со почеток во 18:00 часот во ресторан “Аликас”, Визбегово, имам посебна чест да дадам отчет за сработеното како градоначалник за изминатите три години од мојот мандат.
Транспарентноста во нашето работење резултираше да бидеме најтранспарентна општина во скопскиот регион, од вистината никој не успеал да побегне.
Соочувањето за мојата работа со Вас граѓаните е мое најголемо задоволство.
Свесен сум дека поставуваме нови критериуми за работата на локалната власт, Вашата поддршка е мој најголем мотив.
Ве поканувам да присуствувате на овој убав настан, кој покрај отчетноста ќе има и културно-забавен дел.”-градоначалник Дарко Костовски.