Денес градоначалникот Дарко Костовски имаше одлична дружба и заеднички ручек со членовите на Здружението на пензионери при општина Бутел.
Посакувајќи им многу здравје и долг живот започна денешната средба.
Убавата македонска песна, убавото македонско оро беа дел од денешната одлична дружба со највозрасните од општина Бутел.
Пензионерите од општина Бутел имаат голем партнер во градоначалникот и општината.
Следат пакет мерки за пензионерите од општина Бутел, за кои ќе бидат навремено известени.