Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОПШТИНА БУТЕЛ ГО ПОДДРЖУВА СПОРТОТ КАКО НИКОГАШ ДОСЕГА

Денес градоначалникот Дарко Костовски додели финансиска помош во износ од 4.000.000 денари на спортските клубови од општина Бутел.

Градоначалникот изрази надеж дека оваа финансиска помош ќе помогне на клубовите и ќе поттикне нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони.

Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.

Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортки успеси, а веќе е лидер во спортската инфраструктура.

Градоначалникот и општина Бутел се цврсти партнери на сите спортисти и спортски клубови од општината.
Градоначалникот упати честитки на сите спортски клубови и им посака успешна работа.

Previous ПОДЕЛЕНИ 2000 ОТЧЕТИ НА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.