НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ
Општина Бутел ја продолжи традицијата и оваа година,со задоволство беше покровител на четвртиот новогодишен турнир во фудбал за младински категории.
Општината обезбеди одлични услови за игра, медали и пехари, новогодишни пакетчиња и благодарница за секој учесник.
Градоначалникот Дарко Костовски заедно со македонската спортска легенда Кочо Димитровски и други македонски спортисти ги поделија наградите за најдобрите.
Овие неколку дена општина Бутел беше домаќин во спортската сала “Антон Димитров” на 300 дечиња од Скопје и Македонија кои низ фудбалската игра се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници.
Градоначалникот изрази благодарност до ФК “Бутел” за организирање на овој убав традиционален турнир.
Општина Бутел и градоначалникот секогаш ќе бидат постојани партнери на младите и секогаш ќе го поддржуваат спортот и спортските манифестации.