Општинскиот кризен штаб е на терен од раните утрински часови и ја следи ситуацијата со снежните врнежи.
Службите се на терен и расчистени се наноси на снег. Исчистени се сите повисоки места и критичните точки во општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен.
Во текот на денот, дежурни екипи од општинскиот кризен штаб и комуналното одделение заедно со потребната механизација ќе бидат поставени на најкритичните места доколу дојде до поголеми наноси на снег.
Општина Бутел апелира до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.
Сите улици се проодни и во возна состојба.
Кризниот штаб навремено ја следи ситуацијата.