НОВОГОДИШНА МАГИЈА ВО ОПШТИНА БУТЕЛНАЈВРЕДНОТО НЕШТО Е ДЕТСКАТА НАСМЕВКА ЗА КОЈА СЕКОЈДНЕВНО СЕ БОРИМЕ
Оваа година “Новогодишна зимска бајка” помина во прекрасна новогодишна атмосфера, со многу насмевки, игри и другарување.
Градоначалникот Дарко Костовски се дружеше и забавуваше со омилените Биби и Боби, Мики и Мини Маус, Елза и Дедо Мраз кој подели пакетче на секое дете.
Нека ова пакетче со него донесе и ОГРОМНА ЉУБОВ, завиткана со ИСКРЕНОСТ, врзана со ГРИЖЛИВОСТ и запечатено со БЛАГОСЛОВ, за да ги радува дечињата во текот на целата година.
Градоначалникот изрази благодарност до сите кои присустуваа на овој прекрасен настан.Воедно,градоначалникот се заблагодари на дечињата кои донесоа посебна радост и топлина.
Градоначалникот Дарко Костовски на сите граѓани им посакува среќни новогодишни празници.