Вечерва градоначалникот Дарко Костовски одржа состанок со членовите на кризниот штаб на општина Бутел, имајќи ги в предвид најавите за временската прогноза за врнежи од снег во текот на ноќта.
Градоначалникот издаде налог и насоки за подготвеност на фирмата за зимско одржување, за брзо и ефикасно справување со врнежите од снег.
Дежурни екипи од комуналното одделение ќе бидат поставени на најкритичните места доколу дојде до поголеми наноси на снег.
Како и минатите три години така и оваа година општина Бутел подготвено ја дочекува зимата.
Градончалникот Дарко Костовски ги уверува граѓаните дека локалната самоуправа навремено ќе реагира на врнежите од снег.




