Од раните утрински часови оштинскиот кризен штаб е на терен и ја следи ситуацијата со снежните врнежи.
Службите на општина Бутел излегоа на терен и ги исчистија наносите од снег. Исчистени се сите повисоки места и критичните точки во општината, Љубанци и Љуботен.
Во текот на денот дежурни екипи на општински кризен штаб и комуналното одделение заедно со потребната механизација ќе бидат поставени на најкритичните места, доколу дојде до поголеми наноси од снег.
Општина Бутел апелира до возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот.
Кризниот штаб навремено ја следи ситуацијата.





