Општина Бутел и оваа година доделува стипендии за најуспешните спортисти.
Општина Бутел е најспортската општина во Република Македонија. Тоа е неколку пати потврдено со врвни спортски достигнувања.
Денес локалната самоуправа распиша Јавен повик за доделување на спортски стипендии на спортисти на општина Бутел, којшто ќе биде отворен 15 дена.
Општина Бутел ќе додели стипендии во пет категории:
1. Стипендија од прва категорија, во износ од 12.000 денари месечно, во времетраење од една година.
2. Стипендија од втора категорија, во износ од 8.000 денари месечно, во времетраење од една година.
3. Стипендија од трета категорија, во износ од 5.000 денари месечно, во времетраење од една година.
4. Стипендија од четврта категорија, во износ од 24.000 денари, којашто ќе се исплати еднократно.
5. Стипендија од петта категорија, во износ од 10.000 денари, којашто ќе се исплати еднократно.
Заинтересираните кандидати треба да ги достават потребните документи во архивата на општина Бутел, со назнака “Повик за доделување на спортски стипендии на спортисти на општина Бутел”.
Условите и критериумите за доделување на стипендијата се детално образложени во Правилникот и Јавниот повик.
За транспарентноста на Јавниот повик е задолжена комисија составена од претставници на општинската администрација. Согласно Правилникот за доделување на стипендии, врвен критериум се постигнатите спортски резултати.
Доделувањето на спортски стипендии е уште еден чекор за поддршка на спортистите на општина Бутел.
