Во духот на православната христијанска вера, денес на повеќе места во општина Бутел беше положен Светиот Крст во осветените води.
Градоначалникот Дарко Костовски на храбрите момчиња од Љубанци, Радишани, Љуботен и Бутел им посака многу здравје, среќа и успех.
На најсреќните учесници им беа доделени подароци од градоначалникот и општествено одговорни компании.
Градоначалинкот посака мир, здравје, пород, љубов и разбирање на целиот македонски народ и им го честиташе празникот Богојавление.
















