Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

СРДЕЧНА СРЕДБА СО ДЕЈВИД МАЕРС ШЕФ НА ПОЛИТИЧКИОТ ОДДЕЛ ВО АМБАСАДАТА НА САД ВО СКОПЈЕ

Градоначалникот Дарко Костовски оствари средба со Дејвид Маерс, шеф на политичкиот и економскиот оддел и Митко Бурчевски, политички асистент во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

На почетокот на средбата градоначалникот упати честитки за изборот на новиот претседател на Соединетите Американси Држави, Доналд Трамп.

На средбата градоначалникот и соговорниците разговараа за развојот на општина Бутел, за плодната соработка и заедничка реализација на проекти кои се од големо значење за општината и се директно поддржани од амбасадата на САД.

Градоначалникот истакна дека соработката на Република Македонија со Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер е од исклучителна важност во сите области.

Соговорниците заеднички заклучија дека остануваат отворени за соработка и реализација на идни проекти кои се од големо значење за општина Бутел.

Previous МАКЕДОНСКИТЕ СПЕЦИЈАЛНИ СИЛИ СЕ НА ВРВНО БОРБЕНО НИВО

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.