Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛАФОНИТЕ ВО ООУ “ЖИВКО БРАЈКОВСКИ”

Општина Бутел во текот на изминатата недела изврши обнова и целосна реконструкција на плафоните кои претходно беа во катастрофално лоша состојба и претставуваа голема опасност за учениците.

Грижата за децата е приоритет на градоначалникот Дарко Костовски. Тоа се изразува преку континуираните проекти за унапредување на условите во основните училишта.

Во дворот на ООУ “Живко Брајковски” во завршна фаза е изградбата на нов спортско-рекреативен комплекс со фудбалско игралиште со вештачка трева, ново модерно детско иралиште и нова фитнес зона.

Инвестирањето во обезбедување на најсовремени стандарди за учениците е обврска на градоначалникот и директен влог во развојот на идните генерации, кои треба да бидат гордост на општина Бутел.

Previous СРДЕЧНА СРЕДБА СО ДЕЈВИД МАЕРС ШЕФ НА ПОЛИТИЧКИОТ ОДДЕЛ ВО АМБАСАДАТА НА САД ВО СКОПЈЕ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.