Денеска се навршуваат 21 година од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски.
“Блажени се тие што градат мир” е дел од библиската порака на неговиот надгробен споменик, која е аманет за сите политичари.
Претседателот Борис Трајковски вечно ќе остане запаметен како чесен и храбар политичар посветен на сите граѓани.
“Секој политичар и државник треба да има визија и храброст некогаш да жртвува нешто, да не мисли на својот рејтинг кога настојува да направи нешто вредно за земјата.”
Оваа изјава на претседателот Борис Трајковски продолжува да биде пример за сите политичари.






