Денес започна реконструкцијата на улицата “Бетовенова” со површина од 4000 метри квадратни и должина од 400 метри.
Оваа улица е една од најважните сообраќајници во општината и не е реконстуирана повеќе децении. Наскоро, локалната самоуправа ќе започне со изградба на спортско-рекреативниот центар “Ударници”, во близина на улицата “Бетовенова”.
Овие активности се уште една потврда на предизборните ветувања на градоначалникот Дарко Костовски и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура во општина Бутел.
Најголем мотив за посветеноста на градоначалникот е укажаната доверба од граѓаните, кои заслужуваат поквалитетни услуги од локалната самоуправа.







