Одличен настан организиран од ФК “Бутел”.
ФК “Бутел” одигра ревијален натпревар со ФК “Вардар” (деца) на новиот фудбалски терен, на којшто ќе тренираат младинските школи на клубот.
Новото фудбалско игралиште во Радишани е дел од СРЦ “Радишани” кој беше отворен пред вчера.
На ова фудбалско игралиште ќе тренираат членовите на ФК “Бутел”, но исто така теренот ќе биде достапен за користење на сите граѓани на општина Бутел, со однапред договорени бесплатни термини.
ФК “Бутел” е успешен младински фудбалски клуб кој во општина Бутел има вистински партнер.
Градоначалникот Дарко Костовски упати апел сите граѓани да спортуваат на СРЦ “Радишани” и да го чуваат тоа што е изградено.














