Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ЛЕНА, ЛУНА, ЛАЗАР-ТРОЈКА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ

“Посебна чест денеска имав да ги примам тато Горан, хероината мама Наташа и трите прекрасни ангелчиња.
Морам да кажам дека во мојата работна просторија денеска имаше посебна енергија, од срце посакувам овие три прекрасни ангели да растат со тато и мама, да се живи и здрави и Господ да е постојано со нив !
Општина Бутел на ова благословено семејство ќе помогне со 120 000 денари, за мала помош во растењето на трите близначиња од Радишани, општина Бутел.
БЛАГОСЛОВЕНИ ОД БОГА !” – градоначалник Дарко Костовски.

Previous КОРИТО И ТРИМ-ПАТЕКА НА РЕКА СЕРАВА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.