По неколку дописи од општина Бутел до градот Скопје, денеска излегоа екипи да го чистат коритото на река Серава.
Реката се чисти во пределот каде што е под ГУП, согласно закон и надлежност на Град Скопје.
Благодарност за реакцијата, со ова се избегна опасност од потенцијално излевање на реката во овој дел на општина Бутел.









