Денес во рамки на проектот „Каде што срцето е дома”, градоначалникот Дарко Костовски одржа средба со министерот за локална самоуправа Златко Перински и неговиот тим, претставници на општинските служби и директорите на општинските основни училишта и градинката.
Општина Бутел денес е отворена за граѓаните и заедно со нив се донесуваат одлуки по сите важни прашања.
Градоначалникот го информираше министерот за проектите со кои општина Бутел аплицираше на јавниот повик за финансирање на инфраструктурни проекти во Министерството за локална самоуправа, а истовремено ги слушна мислењата по сите актуелни теми.
Република Македонија денес има Влада која е партнер на општините и на граѓаните, а доказ за тоа се стотици проекти кои се реализираат и ќе започнат да се реализираат насекаде низ нашата татковина.
Општина Бутел доживува вистинска ренесанса и започна реализацијата на клучните проекти.






