Денес е вандализирана новата детска градинка во Бутел 1, којашто ќе биде отворена во септември 2025 год.
МВР има осомничени лица и наскоро се очекува брза акција, одговорност и кривични пријави во согласност со законот. Направена е голема штета во новата градинка.
Градоначалникот Дарко Костовски најостро ги осудува сите акти на насилство и вандализам. Срамните сцени на вандализираната детска градинка се недозволиви.
Градоначалникот упатува апел до сите граѓани да не го уништуваат, туку да го чуваат тоа што макотрпно се гради со заеднички пари на граѓаните и изразува надеж дека ова насилство не е израз на политика.
Општина Бутел доживува ренесансен период и се гради како никогаш досега. Во Бутел се градат две нови детски градинки, со кои ќе се реши проблемот за згрижување на дечињата и ќе се исполни најголемото барање на граѓаните.









