Денес во посета на општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски беа учениците од ООУ “Ацо Шопов”.
Градоначалникот ги запозна учениците со неговата работа и разговараа за работата на општинската администрација и Советот на општина Бутел.
Истовремено, градоначалникот одговараше на креативните прашања на учениците.
Образованието е врвен приоритет на градоначалникот. Во изминатиот период локалната самоупава инвестираше голем број на проекти во општинските основни училишта.
Општина Бутел ќе продолжи и понатаму да инвестира во образованието затоа што таму расте нашата иднина.










