Денес во ООУ “Ацо Шопов” учениците заедно со родителите организираа хуманитарен базар.
Учениците од 1 до 5 одделение изработуваа честитки со велигденски пораки.
Средствата собрани од овој хуманитарен базар ќе бидат донирани на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.
Во пресрет на најголемиот христијански празник беше испратена порака дека заедно сме посилни.









