Денес беше одржан прекрасен хуманитарен базар во ООУ “Св. Климент Охридски”
Забава за најмладите, музика, штандови со прекрасни рачни изработки и на сето тоа силен акцент на хуманоста.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази големо задоволството, бидејќи овој базар има за цел да донесе празнично расположение во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден.
Изработките кои денес беа на продажба по симболични цени ги изработија учениците.
Градоначалникот на сите гости им посака радост и здравје во овие празнични денови.








