“Денес, овој Велики петок, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, заедно со отец Оливер од хуманитарната организација “Св. Спас” посетивме педесетина семејства од нашата општина на кои им поделивме прехрамбени пакети.
Овие големи денови ги славиме со добрина, радост и со љубов.
Овие празници ни се водилка дека секој проблем и предизвик можеме да го надминеме ако пристапиме со единство, добрина и со радост.
Да си помагаме, да си подаваме рака еден на друг и секогаш да си пристапуваме еден на друг со добрина,радост и љубов.” – градоначалник Дарко Костовски.












