Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ЗЕМЈАТА Е НАШ ДОМ – ДА ЈА ЧУВАМЕ ЗАЕДНО

Денес дечињата од градинката “11 Октомври” го одбележаа меѓународниот ден на планетата Земја.

Разиграни дечиња, убава претстава и многу значајни пораки за овој ден го разубавија сончевиот ден.

Само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот.

Со заеднички сили треба да работиме на подигање на свеста за потребата за заштита на животната средина и одговорно однесување на секој еден од нас.

Меѓународниот ден на планетата Земја се одбележува ширум светот и се одбележува со разни манифестации и акции, се со цел да се сврти вниманието на јавноста за значењето на здрава и чиста животна средина.

Previous НА НАЈТЕШКИОТ ДЕН, ДА БИДЕМЕ ТУКА ЕДЕН ЗА ДРУГ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.