Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ТРАДИЦИЈАТА Е ДУШАТА НА ЕДЕН НАРОД, МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР Е БИСТРА ВОДА КОЈА НЕПРЕКИНАТО ИЗВИРА ОД МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА

Вечерва фолклорното студио “Плетеница” одбележа 10 години од формирањето, со целовечерен концерт “Традицијата во душата” со изведба на македонски ора.

Овој е значаен јубилеј, а фолклорното студио “Плетеница” во изминативе години прерасна во вистински општински бренд.

Македонскиот фолклор е нераскинлив дел од духовноста – врска меѓу минатото и сегашноста.

Македонската народна уметност е посебен културен феномен пред кој не се останува рамнодушен.

“Да ја чуваме традицијата, да го чуваме јазикот – македонскиот јазик, да ги чуваме македонските песни и фолклор. Да ги пренесуваме македонските обичаи на помладите. Да бидеме заедно, сплотени и обединети. Така ќе бидеме и посилни во секоја прилика кога и е потребно на Македонија. Народ без своја традиција и фолклор е дрво без корен.
Затоа наша должност е да ги чуваме и негуваме македонските вредности, традицијата и фолклорот.” – градоначалник Дарко Костовски.

Previous ДЕНЕС ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА “КИРО ДИМУШКОВ”

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.