Проектот кој 40 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел е реалност и се гради со засилена динамика.
Едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел денес се реализира.
Денес започнаа активности од втората фаза за изградба на речно корито на река Серава. Овој дел е во должина од 300 метри.
Коритото на река Серава ќе биде уредено со камен во должина од 1800 метри.
Во завршна фаза е и патеката во должина од 800 метри и паркот кој ќе се протега на површина од 5000 метри квадратни.
Општина Бутел вложува 65 милиони денари во уредување на речното корито и изградба на трим патека.










