Општина Бутел продолжи со пролетната акција за косење, чистење и уредување на општината.
Денес локалната самоуправа во Скопје-Север презеде активности за уредување и средување на зеленилото. Нараснатите тревни површини се искосија во сите населени места, училишни дворови, детски и спортски игралишта и паркови.
Акцијата за косење и кастрење на дрвата ќе продолжи и во наредниот период со цел граѓаните да можат безбедно да ги користат зелените површини и парковите.











