Денес службите на општина Бутел пристапија кон отстранување на бесправно поставената урбана опрема на јавните површини.
Граѓаните на општина Бутел заслужуваат да имаат слободни јавни површини и општински служби ќе обезбедат слободни јавни површини.
Надлежните служби на општината ќе продолжат и понатаму да преземаат активности за расчистување на јавните површини.
Градоначалникот Дарко Костовски упати апел до сите граѓани доколку забележат узурпација на јавни површини во населените места да поднесат пријава до општината. Истовремено, градоначалникот нагласи дека ниту еден граѓанин не е над законот.