Општина Бутел и оваа година е генерален покровител на најдобриот турнир за Баскет 3Х3 Радишани Опен.
Турнирот е на официјалната листа на ФИБА за Баскет 3Х3. Исто така има меѓународен карактер.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до организаторите кои секоја година имаат подобра организација.
Финалните натпревари ќе се одржат во недела.