Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

“РАДИШАНИ ОПЕН 2025” ЗАВРШИ СО СПЕКТАКУЛАРНИ НАТРЕВАРИ

Овој викенд oпштина Бутел и населба Радишани беа во центарот на баскет 3х3 турнирите.

Рекордна посетеност со што уште еднаш се докажа дека овој 3х3 баскет турнир е најдобар во Македонија.

Три дена исполнети со многу забава, дружење но пред се врвна кошарка со најдобрите екипи од цела Република Македонија и Балканот.

Три дена во кои беа срушени рекордите на посетеност и заслужено овој 3х3 турнир го држи приматот за најпопуларен турнир во Македонија.

Овој турнир се одржа на кошаркарско игралиште со специјална FIBA подлога во ООУ “Ацо Шопов”.

Финалето заврши со спектакуларена битка во еден крајно неизвесен меч помеѓу клубовите “Кино Влае” и “Еуро Едил”.

Првото место го освои клубот “Кино Влае”, второто место “Еуро Едил” и третото место клубот “Бутел”.

Општина Бутел секогаш ќе биде главен поддржувач и генерален покровител на вакви настани. Нешто светско и еден сосема поинаков викенд во нашата општина.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до целиот тим од населба Радишани за вложениот напор и труд за овој прекрасен настан да изгледа така како што изгледаше.

Општина Бутел продолжува со настаните по повод 20 години од формирањето на општината.

Previous РАДИШАНИ ОПЕН НАЈДОБРИОТ ТУРНИР ВО МАКЕДОНИЈА ЗА БАСКЕТ 3Х3

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.